Известување за приватност

Известување за обработка на лични податоци собрани при промоцијата “Аплицирај и добиј”

На сила од: 15.07.2024 година

Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ Битола („КШМК-Бт“) знае колку е важна приватноста. КШМК-Бт е контролор на податоци во Промоцијата “Аплицирај и добиј” преку веб страната www.aplikacii.mk (“Промоција”). Го создадовме ова Известување за обработка на лични информации собрани при Промоцијата („Известување за приватност“) за да се увериме дека разбирате како ги собираме и користиме вашите лични податоци.

Нашата Политика за приватност достапна на https://aplikacii.mk/политика-за-приватност важи за Вашето учество на Промоцијата. Нашата Политика за приватност содржи подетални информации за тоа како ги користиме вашите информации. Исто така, вклучува информации за вашите права и како да контактирате со нас. Ве молиме прочитајте ја нашата Политика за приватност заедно со ова Известување за приватност. Сепак, ова Известување за приватност секогаш ќе има приоритет над Политиката за приватност во однос на тоа како ги користиме вашите информации за Промоцијата.


КОИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ?
Преку Промоцијата КШМК-Бт ги собира и обработува Вашите податоци на повеќе начини.

Податоци што ги давате директно

  • Вашето име, презиме, населено место, е-пошта и телефон за контакт.
  • Податоци за Вашето пристапување кон Промоцијата
    Покрај податоците што ни ги доставувате, ќе собираме податоци за вашата употреба на Промоцијата преку оперативниот систем на вашите уреди и на други начини. Ќе собереме:
  • Податоци за вашите уреди преку кои е пристапено на Промоцијата, како што е IP адресата. Ние, исто така, може, со ваша согласност, да собираме други податоци за Вас, Вашите уреди и апликации и Вашето учество во Промоцијата на начини што ви ги опишуваме во моментот на собирање.

КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ?

Собраните податоци ги користиме со цел Ваше учество во Промоцијата, за да Ве додадеме во нашата база на потенцијални кандидати за вработување во нашата компанија, како и да Ве контактираме со цел да Ве поканиме на интервју за вработување во нашата компанија. КШМК-Бт ги обработува личните податоци за претходно опишаните цели. Правната основа за обработка на лични податоци е Вашата согласност.

СО КОГО ГИ СПОДЕЛУВАМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ?

Ние ги откриваме вашите податоци внатрешно во рамките на нашата компанија, исклучиво за претходно опишаните цели, односно потенцијално Ваше учество во Промоцијата, како и потенцијално вработување во нашата компанија.

КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ И КАДЕ ГИ ИСПРАЌАМЕ?

Вашите податоци ги чуваме една година од завршување на Промоцијата, односно 15.12.2025.

За целото време на чување на вашите податоци, Вашите податоци секогаш ќе бидат заштитени со соодветни безбедносни мерки.

Вашите податоци ги користиме исклучиво во нашата компанија и истите не ги испраќаме на други субјекти и не ги испраќаме во други земји.


КАКО ГИ ЗАШТИТУВАМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ?

Ние ја сфаќаме заштитата на податоците многу сериозно. Воведовме физички и технички заштитни мерки за да ги заштитиме податоците што ги собираме. Сепак, имајте предвид дека иако преземаме разумни чекори за да ги заштитиме вашите податоци, ниту една веб-страна, пренос на Интернет, компјутерски систем или безжична врска не е целосно безбедна.


КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА?

Вашите лични податоци ви припаѓаат Вам. Можете да побарате од нас да ви дадеме детали за тоа што сме го собрале и можете да побарате од нас да ги избришеме податоците или да направиме нивна исправка. Можете исто така да побарате од нас да ја лимитираме или ограничиме обработката или споделувањето сот на Вашите лични податоци, како и да ви ги обезбедиме Вашите лични податоци што сме ги собрале за да можете да ги користите за Ваши цели. Нема да бришеме податоци што сме обврзани да ги чуваме со закон.

За да поднесете барање во врска со вашите права или за поставување на прашање, ве молиме контактирајте со нас користејќи ги меодите наведени во делот КОНТАКТИРАЈ СО НАС.


КОНТАКТИРАЈТЕ СО НАС

Можете да контактирате со нас за да ги ажурирате вашите поставки, да ги искористите Вашите
права, да поднесете барање или да ни поставувате прашања.

Најлесниот начин да го направите тоа е преку делот Поддршка на https://aplikacii.mk/контакт.


Можете да не контактирате и на:
Контролор за обработка
Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ Битола А Индустриска Зона Жабени Битола
Република Северна Македонија


Ако сметате дека нашата обработка на Вашите лични податоци не е во согласност со важечките прописи, можете да се обратите до Агенцијата за заштита на лични податоци чии детали за контакт се достапни тука.


АЖУРИРАЊЕ НА ОВА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНОСТ

Ова Известување за приватност може да се ажурира заради известување за промените во начинот на кој ги собираме и обработуваме вашите податоци или пак заради промените во важечките прописи. Датумот на последното ажурирање на документот е прикажан на почетокот на ова Известување за приватност.


Кон апликацијата